Дали сте размислувале да зимате бруто наместо нето плата?

Знаеме дека со сегашниот систем зимаме дел од платата која ја заработуваме како нето плата а остатокот оди за придонеси кои ги задржува работодавецот за да ги исплати кон државата. Тука спаѓа здравствено, пензиско, биро за вработување, осигурување и персонален. Дали сте размислувале дека е подобро да се земе цела плата (бруто) па секој да си плаќа сам. Здравственото да не биде задолжително туку да да се плаќа на приватно осигурување. Со ова цел здравствен систем би се приватизирал. Но ќе имаш избор дали да плаќаш или не па да ризикуваш на повисока сметка без осигурување. Исто и за пензиите, да си инвестираш ти во што сакаш наместо во црната дупка наречена пензиски фонд.