Прашање за тие што купиле стан во изградба
Отприлика колку време требаше да се изгради зградата, дали одма земавте документ за имот од катастар?
Прашувам бидејќи купивме стан во изградба, се супер, зградата 90% се заврши наместо за 2 фатија 3 год, еве живееме тука и многу други станари но уште не е дозавршено се и поради тоа во катастар стои сеуште дека е парцела на која се гради (претходно имало чист катастарски имот, не е проблем за тоа). Но еве веќе ситните работи како гелендери на скали, делот околу зградата многу многу споро се гради, скоро па ич. Станот го купивме преку агенција, се распрашав и по соседиве ама никој не се замара, сите се во фаза „ќути си добро е“. Не ми е јасно зошто толку се влечка да се довршат тие останати 5% од зградата за да се заврши се?