Дознав дека сум ретардиран. Прашајте ме шо сакате.

Како шо пиши во насловот дознав дека сум ретардиран. Како го дознав ова?

Пред неколку години (2 и 1/2) бев излезен да се напијам некоја пијачка со газдата на кафич цо кој работев. Договорен бев со другар да пиеме истата вечер и после некоја пијачка се упатив кон друштвото. Јас незнаев дека ќе има женски таа вечер од Скопје (јас сум од Битола и настанот се случи во Битола, пелагонка 2 зад зградите). Се запознав со девојките и беа доста фини. Со едната се замуабетивме и седна до мене.

По некое време не знам што се случи точно, пиев, со еден се такмичење кој можи повеќе склекови да напрај. Нема да досадвам со ѕо, јас напрајв поќе и пошо сум ретардиран ги праев во срчи... нејсе...

Јас испотен од склекови седнав назад на ѕидчето и незнам како беше точно, дали срчи имаше до мене или нешто се било истурило, девојката со која се задружив сакаше да седни домене и јас ја сопрев. Немајќи кај да седне седна во мојот скут.

Зборувавме и ми кажа дека сакала да тетовира, беше година или 2 постара од мене. Беше доста симпатична и згодна. Колку што де сеќавам ме гушна и и јас ја гушнав околу струкот, половината. Така седевме и зборувавме. Ми даде некој комплимент и ми кажа дека се познавам дека вежбам (тогаш одев во теретана, па можеби се познавало, не знам, одсекогаш сум бил по тежок, тогаш околу 105кг). Натаму случките се небитни.

Е сега, како јас дознав дека сум ретардиран? Пред некоја минута гледав видео на Јутуб за некој што објаснува слична ситуација и кажва дека уствари девојката уствари имала симпатии кон него. И верувам сум бил во истата ситуација, а поради тоа што сум ретард (поинаку неможи да се објасни) јас не го сфатив то..

Сакам да и се извинам на девојката, не ни ти побарав инстаграм ни ништо. Да ми се бендисуваше. Не знам дали користи редит, но ако користи и го чита ова, да сакам да ти се извинам поради тоа што сум ретардиран и не направив никаков потег, не бев сигурен дали би бил добредојден.

Слободно прашајте што сакате, а доколку се најде девојката би сакал кафе да пиеме хахахха

Девојката беше слаба, висока, црна коса, носеше наочари, беше слатка и имаше некоја тетоважа. Таа вечер носеше црна суќна и некаква блуза, не сум сигурен каква боја. Ако се препознаеш, и ти текнува, пиши ми.

(Ова можеби е друг ретардиран потег од моја страна)

Прашајте што сакате, само не ме вреѓајте поради мојата неспособност. Фала ви!