Колку има непотизам во државава при вработување како правник, адвокат, програмер, инжињер и слично?
Моментално сум студент на медицина и мислам генерално е познато во Македонија колку непотистичка гранка е медицината.Професори доктори си ги вработуваат децата како асистенти,во државни институции се примаат партиски кадри со местени конкурси, дури и вработените во приватните болници и амбуланти се вработени со врски. Е сега не сум запознаен, но ме интересира, дали и колкава игра играат врските при вработување како една од професиите кои ги набројав во насловот. Очекувам дека се потребни дебели врски да се вработиш на добра позиција како правник или адвокат, но што со другите професии? Дали на пример, да влезеш во добра приватна фирма како програмер или инжињер се потребни врски? Слободно споделете искуства.